Гази Баба подели пакети со храна и хигиенски производи

По повод Светскиот ден за борба против гладот- 16 октомври, општина Гази Баба подели пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени семејства корисници на постојана и социјална парична помош евидентирани во Одделението за остварување на правата од социјална и детска заштита при Центарот за социјална работа.

Општина Гази Баба согласно Програмата за социјална заштита редовно им помага на социјално ранливите категории за надминување на состојбата во која се наоѓаат.