Газираните пијалаци ја нарушуваат функцијата на пенисот

Една шокантна студија покажа дека мажите што редовно пијат газирани пијалаци имаат помал вкупен  број на сперматозоиди и кај нив за 30 отсто е поголем ризикот од еректилна дисфункција.

Ако газираните пијалаци ви се омилени,  време е да размислите за тоа, советуваат научниците од Универзитетот Копенхаген кои објавија шокантни резултати за дејството на таквите сокови врз мажите. Имено, од претходно е познато дека газираните пијалаци што се преполни со шеќер се ризичен фактор за зголемување на телесната тежина и за настанок на шеќерната болест, но за прв пат е откриено дека тие имаат влијание и врз репродуктивното здравје кај мажите.

Според истражувањето спроведено врз 2.554 мажи оние што секојдневно пијат газирани сокови имаат просечно околу 35 милиони сперматозоиди во еден милилитар, додека оние што не консумираат газирани пијалаци, или во ретки прилики го прават тоа, имаат околу 56 милиони сперматозоиди по милилитар.

Според научниците намалувањето на бројот на соерматозоиди нема никаква врска со кофеинот во пијалаците, туку најверојатно се поврзува со некоја друга состојка. Исто така, откриено е дека газиран ите пијалаци имаат уште една неудобна нуспојава кај мажите – го зголемуваат ризикот од еректилна дисфункција за 30 отсто.

За тоа наводно се заслужни засладувачите од тие пијалаци, кои што ги оштетуваат артериите во машкиот полов орган и спречуваат нормален проток на крв та  низ мускулот, па неговото „кревање“ станува отежнато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.