Газпром: Цевките од „Јужен поток“ ќе се искористат за „Турски поток“

Сите цевки, кои беа наменети за гасоводот „Јужен поток“, ќе бидат употребени за новиот Турски поток.

Ова денеска го соопшти  руската компанија „Газпром“.

Поставувањето на цевките за „Турски поток“ на мала длабочина под земјата ќе започне во првите десет дена од следниот месец, наведува компанијата.

Заменик претседателот на управниот одбор на „Газпром“, Виталиј Маркелов изјавил дека компанијата очекува доставките на гас во 2015 година да бидат на ниво на претходната година – 450 милијарди метри кубни, наспроти планираните 485 милијарди метри кубни.

Според него, вредноста на резервите на „Газпром“ за 2014 година се зголемила за 3,3 отсто и достигнала 309,6 милијарди долари.