„Газпром“ ја почна изградбата на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“

Руската компанија „Газпром“ започна со фаза на изградба на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“, изјави шефот на компанијата Алексеј Милер во интервју за телевизијата „Русија 24“, објави МИА.

Милер истакна дека компанијата влегла во фаза на подготовка и мобилизација на ресурсите за поморскиот дел од „Турски тек“. – Затоа денешниот датум може да се смета како почеток на изградбата на поморскиот дел од гасоводот, истакна тој.

Вчера раководителот на „Газпром“ објави дека гасоводот „Турски тек“ ќе биде пуштен во употреба во декември 2016 година.

Гасоводот „Турски тек“ е алтернатива на „Јужен тек“, од кој Русија се откажа во декември минатата година. Неговата маршута по дното на Црното Море се совпаѓа со претходната од проектот „Јужен тек“.

„Газпром“ и руската компанија „Боташ“ потпишаа во декемви 2014 година меморандум за разбирање за изградба на гасовод од Русија кон Турција по дното на Црно Море. Капацитетот на гасоводот ќе биде 63 милијарди кубни метри гас, од кои 47 милијади ќе се испорачуваат до центар за чување на гас на турско-грчката граница.