Свет

Газпром сепак ќе гради гасовод во ЕУ

Газпром сепак ќе гради гасовод во ЕУ

Газпром сепак ќе гради гасовод во ЕУ. Грчко – италијанскиот гасовод наречен „Посејдон“ се враќа на сцената и покрај изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП) што ќе го носи азербеџанскиот гас во ЕУ.

Проектот што ќе го изведуваат Грчката јавна корпорација за гас (ДЕПА) и италијанската Едисон се враќа, откако денес шефот на руската компанија Газпром, Алексеј Милер потпиша меморандум со извршниот директор на ДЕПА Тодорос Китсакос и извршниот директор на Едисон Марк Бенајун за преносот на рускиот природен гас од Русија, преку Црното Море и трети земји до Грција и Италија.

Во заедничкото соопштение на трите компании се вели дека целта е да се искористи она што веќе е направено од ДЕПА и Едисон во контекст на интерконекторот Турција – Грција – Италија во рамки на проектот „Посејдон“.

Потпишувањето на меморандумот е резултат на повеќемесечните контакти од страна на трите земји кои што се официјализираа со посетата на Милер во Милано во септември. Новиот проект би требало даз биде комплементарен на ТАП и да ја осигура доставата на гас во ЕУ.