ГДОМ со делење боенки испрати порака до сите оние кои ја сквернават Македонија

ГДОМ со делење боенки испрати порака до сите оние кои ја сквернават Македонија
ГДОМ со делење боенки испрати порака до сите оние кои ја сквернават Македонија

ГДОМ денеска на плоштадот Магнолија во Битола во присуство на неколку илјади битолчани организираше настан на кој главната цел беше делење на боенки за вандали. Боенките беа наменети  за оние кои вандализираат и обојуваат јавни добра, споменици, институции  и очигледно некако поседуваат толку многу боја а толку малку идеи што да прават со нив па сквернават наместо да креираат.

Со делењето на боенките се испрати  силна порака до сите оние кои ја сквернават Битола и Македонија, штом толку имаат љубов кон обојувањето и не знаат што да прават, тогаш да ги бојат симболите на нивното време со кои ја доведоа Битола до колапс и да престанат да го вандализираат и сквернават градот.

boenka-4

Боенките  за вандали,  се наменети исклучиво за луѓето кои се занимаваат со вандализам и уништување на национални и локани институции, културни обелејжја, споменици и јавни добра и со долгогодишно искуства на темата уништување на фабрики, бркање од работа на работниците, оргабување на штедилници и предизвикување на очај и самоубиства кај сопствениот народ.

boenka-3

На самите боенки изработено  е  и упатство за користење во кое се вели дека за да се бои боенката потребно е да се биде вандал и секојдневно по улиците на Македонија да  се уништуваат  јавни добра кои му припаѓаат на цел македонски народ. Потребно е да се поседуваат бои со кои секојднево се валка и уништува сопсвениот град.  Исто така многу е важно пред да се бои да се има примено хонорар од СОРОС за да се има поголем ентузијазам. И најважно од се, потребно е да не ви е гајле за сопствената земја, за името Македонија и да не ја познавате историјата на сопствената земја како би можеле да користите бои кои немаат допирна точка со реалноста- се вели во упатсвото  за користење во БОЕНКАТА на ГДОМ наменета исклучиво за вандали.

boenka-2

Ваквата остра реакција на ГДОМ е резултат на последните сквренавења на зградата на судот во Битола  како и на споменикот на Филип Втори Македонски на полштадот Магнолија кој е таму веќе 5 години и е симбол за Битола и за Македонија.

boenka-1