ГДOM и денес со народен собир за одбрана на државата и стоп за насилството од СДСМ

Граѓанското движење за одбрана на Македонија и денес најавува граѓански собир кој треба со зборно место пред објектот на Мала станица, а подоцна ќе се упатат пред седиштето на СДСМ.

Многу веројатно е дека подоцна ќе се упатат пред Собранието на Република Македонија каде ќе ја одбележат и поздрават одлуката за негово распуштање, што ќе значи бетонирање на датумот за избори на 5 јуни.

Иницијативата на ГДОМ е за зачувување на институциите и мирот во државата како и дефинитивна одлука за избори како излез од кризата што ќе значи можност народот да одлучува.

Приврзаниците на ГДОМ остро се спротивставуваат на секаков обид за дестабилизација и насилство врз институциите какво во претходните денови демонстрираше СДСМ.