ГДОМ денеска во Штип, Крива Паланка, Велес, Битола и Ресен

ГДОМ денеска во Штип, Крива Паланка, Велес, Битола и Ресен
ГДОМ денеска во Штип, Крива Паланка, Велес, Битола и Ресен
Продолжуваат масовните граѓански собири на ГДОМ, кои денеска ќе бидат во 5 општини и тоа во Штип, Крива Паланка, Велес, Битола и Ресен.

Граѓаните се на нозе, граѓаните бараат избори. Избори со кои ќе се стави крај на кризата. Избори кои мора да се случат! Избори на кои Македонија ќе победи, пишува на Фејсбук страната на ГДОМ.

-Граѓаните се против попречувањето на врвното демократско право на секој човек, правото на глас. Глас со кој самиот одлучува за својата иднина, глас кој е неприкосновен и кој никој нема право да го цензурира, да го блокира. Никој нема сила да го спречи гласот на народот. Никој не смее да си игра со иднината на оваа земја, блокирајќи ги изборите за да продолжи агонијата и деструктивните сценарија. Стоп за кризата, стоп за деструкцијата. Да за одење на избори и крај на оваа состојба која го умори народот, ја успори економијата и ја прави неизвесна иднината на Македонија. Големите народни собири во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) низ цела Македонија продолжуваат, се вели во Фејсбук статусот.

Инаку сите собири започнуваат во 19 часот.