ГДОМ во посета на кампот пред општина Струмица

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва одржа трибина во Струмица. Членовите на движењето вечерва го посетија кампот на граѓаните кои повеќе денови престојуваат пред Општина Струмица и бараат оставка од градоначалникот Зоран Заев. Претставниците на ГДОМ во рамки на посетата на кампот се потпишаа на петицијата за оставка на градоначалникот.

-Нашиот став е цврсто, енергично и принципиелно да ја браниме нашата татковина од сите загрози и закани, од внатре и од надвор. Вечерва ќе отворам една нова тема, а тоа е етичкиот аспект, човечноста. Се што е во надворешниот свет е минливо, кршливо и не е вистинската вредност. Ние мора да се научиме да ги сочуваме традиционачните вредности. Одбивањето на опозицијата да оди во Брисел е уште еден симптом на нивната безидејност, на нивниот затворен круг на една несватлива, дури патолошка страст да се дојде на власт по било која цена, изјави Братислав Димитров од ГДОМ пред почетокот на трибината.

milenko

Тој порача дека тие таканаречени борци за демократија кои блокираат улици во Скопје го одземаат елементарното наше право на движење и нормален живот. Тие суштински немаат силна и масовна поддршка од народот, порача Димитров.

gdom

gdom-1

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.