ГДОМ во Велес: Да застанеме цврство да ја одбраниме нашата држава

Велешани и денес му дадоа поддршка на граѓанското движење за одбрана на Македонија и побараа одржување на избори на 5 јуни и крај на кризата во Македонија.

На собирот на ГДОМ во Велес се обрати Трпе Туфекџиев кој истакна дека со актите и дејствијата на Гемиџиите, светот дознал за маките на македонскиот народ.

Денес меѓу другите работи сме тука да одбележиме 113 години од цената на познатите Гемиџии кои оставија еден добар впечаток и придонес во македонската историја. Сето тоа било добро испланирано се со цел да се покаже каков народ е македонскиот народ и каков впечаток треба да оставиме меѓу другите народи. Тоа што тие го замислија го исполнија во целост, односно со нивните акти и дејства се дојде до сознание за потребите и маките што ги имаат македонските граѓани, истакна Туфекџиев.

ve-gdom1-768x429

Обраќање имаше и модераторот на собирот Веле Алексоски од ГДОМ.

Тие млади момчиња Гемиџиите  ги положија своите млади животи само да му кажат на светот дека постои земја – Македонија. Тие млади момчиња Гемиџиите со својата саможртва трајно се запишаа во македонската историја. Нивната цел е и наша цел, сакаме да и покажеме на Европа дека постоиме и дека ќе постоиме и никогаш нема да се откажеме од нашата историја и борба за слобода на нашата мила Македонија, посочи Алексоски.

ve-gdom2

Кајакарот Љубомир Спасиќ, пред присутните потенцираше дека македонскиот народ не смее да дозволи некој да му ја уништува државата.

Треба сами да се одбраниме од тие злосторници кои сакаат да ни ја распарчат државата и ништо да не остане од нејзе. Свесни сме Гемиџиите што направиле за нас, истото треба и ние да го направиме. Да застанеме цврство да ја одбраниме нашата држава, истакна Спасиќ.

ve-gdom-768x406