Геце не сака да паркира автобус како Мурињо

Репрезентативецот на Германија и крилен напаѓач на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Марио Геце, јавно го пецна контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи и јавно ја критикуваше неговата анти-фудбалска тактика на паркирање автобус пред сопствениот гол.

“Нормално дека се уште не боли поразот и елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Имавме лош ден, ништо не функционираше како што треба на реванш дуелот во Минхен. Сепак, да не заборавиме дека Баерн Минхен имаше целосна доминација во поголемиот дел од натпреварот. Нормално дека Баерн Минхен не може да игра како што играше Челзи на реванш дуелот против Атлетико Мадрид. Баерн Минхен не е Челзи па да го паркира автобусот пред сопствениот гол. Ние немаме таков стил на игра. Убеден сум дека Баерн Минхен игра како што треба да се игра еден фудбалски натпревар. Мене ми одговара таквиот стил на игра”, изјави Геце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.