Гечевски доби условна суспензија во траење од шест месеци

Поради изјавите дадени во одредени медиуми, Тодор Гечевски заработи шестмесечна условна суспензија.

Поради давање некоректни и неспортски изјави во јавноста со кои му се нанесува штета на противникот, на лигата и на Македонската кошаркарска федерација по завршувањето на натпреварот од 5-то коло од Суперлигата, помеѓу екипите на Работнички и МЗТ Скопје, најискусниот кошаркар Тодор Гечевски е казнет со шестмесечна условна суспензија, која нема да ја изврши доколку во период од една година не направи нешто слично.

Во прилог на одлуката на Дисциплинската при МКФ оди и тоа што Гечевски не ја негирала својата изјава дадена во одредени медиуми, туку напротив ја потврдил.