Гечевски и Чековски официјално нови играчи на Работнички

Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски и официјално се нови членови на КК Работнички, потврдил спортскиот директор на клубот Александар Димитровски во интервју за порталот „Екипа“.

Можам да кажам дека Тодор Гечевски и Ѓорги Чековски и официјално се наши кошаркари. Гечевски веќе од претходно го стави потписот на договорот, додека Чековски тоа го стори минатата седмица. Задоволен сум од ангажманот на овие двајца кошаркари со кои што очекувам клубот да добие дополнителнителен квалитет” – изјавил за ЕКИПА, спортскиот директор Александар Димитровски.

Гечевски и Чековски кои минатите две сезони го носеа дресот на актуелниот шампион, воедно најголем ривал на Работнички, екипата на МЗТ Скопје, се обврзал на соработка од една сезона.