Гечевски МВП на завршниот турнир во Купот на Македонија

Центарот на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски, го понесе признанието за најкорисен играч на завршниот турнир од 22. Куп на Македонија во кошарка, кој се одржа од шести до деветти февруари во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Капитенот на македонскиот шампион беше најефикасен во победничката екипа со 16 поени, а одигра и клучна улога во финишот, кога со реализацијата на сите четири слободни фрлања во звршните десет секунди ја одби последната закана на Лирија за целосен превсрт.

“Купот е завршено натпреварување за најголема цел во преостанатиот дел од сезоната ни е да се пласираме што подобро во АБА лига и да ја одбраниме титулата во домашнто првенство” изјави Гечевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.