Гечевски со пораз се прости од АБА лига

Центарот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски тажно се збогува со АБА лигата, откако загубија на домашЕн терен со 95:87 во последното коло од Раднички Крагуевац. Со овој пораз шАнсите за пласман на шестото место на табелата и пласман во Еврокупот се сведени на минимум.
„Металците“ одиграа најлошо кога беше најпотребно ја добија само првата четвртина со 20:17, а потоа му дозволија да се размавне на тимот што не се бореше за ништо, бидејќи секако ќе завршеше на 11. место. Во вториот период, МЗТ им ја препушти иницијативата на гостите од Србија, кои во три наврата имаа и 19 поени разлика. За тоа најзаслужен беше Марко Мариновиќ со неверојатни 18 асистенции.
Во отсуство на суспендираниот Ѓорѓи Чековски и на повредениот Иван Маринковиќ, Гечевски сам мораше да се бори под обрачите и беше најдобар домашен играч со 16 поени (7/8 за два). Капитенот на МЗТ Скопје во својот 165. настап се прости од регионалното натпреварување како рекордер по бројот на индексни поени, по бројот на постигнати кошеви и по бројот на скокови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.