Гечевски во најдобрата петорка на 18. коло во АБА лига

Одличната партија на центарот на македонскиот шампион МЗТ Скојпе, Тодор Гечевски во дуелот со Партизан во Белград го смести во најдобрата петорка на 18. коло во АБА лигата.

Гечевски забележа дабл-дабл од 19 поени и 13 скока, одигра за 29 индексни поени и се најде на второто место според ефектот во овој круг од регионалното кошаркарско натпреварување. Пред капитенот на македонскиот шампион е само центарот на Широки, Иван Бува, со индекс 31, а зад Тоше во тимот на колото се Суад Шеховиќ (Будуќност), Марко Рамљак и Гаилиус Дејвидас (Унион Олимпија).