Геј оргии и убиство го “тресат” Ватикан!

Ватикан овие денови е потресен поради два срамотни и крајно бизарни скандали. Во северна Италија еден свештеник е разрешен од должностите кон Црквата поради обвивнение дека учествувал во геј оргии, а партнерите ги барал преку интернет мрежата. Вториот случај пак е поврзан за свештеник на југот на земјата, но овојпат тој е под истрага поради убиство на една од парохиите.

Во црквата која ја води отец Гратиен Алаби, инаку свештеник од Конго, пронајдени се и коски од жена под камените плочи во капелата. Тие ѝ припаѓале на Гуерина Пискаља, 50-годишна жена која исчезнала минатата година во ближното Арецо, Тоскана, пишуваIndependent. Италијанските медиуми пишуваат дека Алаби со дотичната жена имал и дете. Тој секако, ги отфрла сите обвиненија.

Случајот на северот на земјата е откриен кога 32-годишник од Ровиго, место кое се наоѓа на половина пат помеѓу Болоња и Венеција, им се обратил на медиумите бидејќи тие ги игнорирале неговите обвиненија за 50-годишниот свештеник. Младиот маж тврди дека го запознал преку Facebook, а овој пак му ја признал својата хомосексуалност. Но, поголем проблем е што признал дека имал односи и со други свештеници како и припадници на Швајцарската гарда која инаку го чува папата, како и тоа дека партнерите за своите сексуални оргии ги барал преку интернет.

Мажот го сочувал својот разговор со блудничкиот свештеник, а на надбискупот Таранто Филипо Санторо не му останало ништо друго освен да го тргне од светата должност. Гласноговорникот на Ватикан за медиумите изјавил само кратко и јасно дека се запрепастени.

Извор: Точка.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.