Балкан

Геј парада во Белград на 28 септември

Геј парада во Белград на 28 септември

Парадата на гордоста, која ги собира на едно место преставниците на геј популацијата, популацијата, бисексулаците и транс сексуалците ќе биде одржана во недела на 28 септември, а претставникот на организациониот одбор на оваа манифестација, Горан Милетиќ, изјави дека симпатизерите ќе шетаат во центарот на Белград, од Владата до Собранието.

По прошетката, планирано е на платото пред Собранието да се одржи журка.

Иако овогодишната Геј парада требаше да се одржи на 31 мај, од овој датум се откажа организацијата поради големите поплави кои ја погодија Србија.

Организаторите на манифестацијата се откажаа од идејата прошетката да биде одржана од Славија до плоштадот Република, а маршутата е заменета и скратена од безбедносни причини.

Милетиќ ја остава можноста, по конечниот договор со полицијата, маршутата да претрпи мали корекции на трасата за кои организаторите благовремено ќе ја известат јавноста.