Геј парада во Подгорица на 19 октомври?

Втората по ред Парада на гордоста ќе биде одржана во Подгорица на 19 октомвери, според подгорички Вијести. На полицијата и било кажано дека новата Парада на гордоста ќе биде одржана втората половина на октомври, но дека се уште не е официјално пријавен настанот.

„НВО Квир Монтенегро“ денеска ќе ги соопшти деталите врзани за организирање на Поворката на гордоста на ЛГБТ лицата „Монтенегро Прајд“.

Најавувајќи ја прошетката, организаторите ги повикаа сите граѓани на Црна Гора кои сметаат дека со Уставот се загарнтирани човековите права, да не бидат само неми набљудувачи туку да учевствуваат во Парадата на гордоста и да покажат солидарност со ЛГБТ лицата.