Гејтс ќе донира 500 милиони долари во борбата против епидемии во земјите во развој

Бил Гејтс ќе донира 500 милиони американски долари за борба против разни епидемии во земјите во развој, а пред се за борбата против болеста маларија.

Поранешниот претседател на „Мајкрософт“ на годишната средба на американското Здружение за медицина и хигиена, изјавил дека неговата фондација на ќе донира повеќе од 500 милиони долари во текот на оваа година, за да се намалат последиците од маларијата, пневмонијата и дијарејата и паразитски инфекции, кои се главни причини за смртност и сериозни заболувања.

Неговата фондација „Мајкрософт“ ќе ги зголеми за 30 % на годишно ниво донациите за борба против маларијата и тропската треска.

За борба против епидемијата на хеморагична треска предизвикана од вирусот ебола, која уби речиси 5.000 луѓе во западна Африка од почетокот на оваа година, неговата фондација ќе одвои уште 50 милиони долари.