Гејтс повеќе не е претседател на „Мајкрософт“

Бил Гејтс ја напушта позицијата претседател на „Мајкрософт“ откако компанијата го одбра новиот извршен директор- Сатја Надела.

Гејтс по напуштање на својата моментална позиција ќе преземе значително поголема улога како технолошки советник на новиот извршен директор.

„Возбуден сум поради тоа што Надела побара дополнително да се активирам и повеќе време да и’ посветам на компанијата. Една третина од времето ќе го посветам на состаноците со производните групи и ќе биде интересно да се дефинираат следните производи работејќи со Надела“, рекол Гејтс.

Иако тој постојано нагласува дека своето време повеќе сака да го троши на својата фондација и на филантропски проекти Надела ја побарал неговата помош откако дошол на новата позиција.