Гелетеј: Голема војна е пред нашиот праг

Украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј денеска предупреди дека на повидок е „голема војна“ со Русија во која може да страдаат десетици илјади лица.

„Голема војна стигна пред нашиот праг… каква Европа нема видено уште од Втората  светска војна“, напиша на својот налог на Фејсбук украинскиот министер за одбрана, а пренесуваат француските медиуми.

„За несреќа, загубите во таквата војна нема да се мерат со стотици, туку со илјадници и десетици илјади погинати“, напиша Валериј Гелетеј.

Украинската криза почна од средината на април и до сега на истокот на земјата, каде живее главно руско население, настрадаа околу 2.600 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.