Гелевски: Шекеринска како симптом на општествена заболеност

Никола Гелевски во својот став објавен на Окно.мк вели дека споредбата на Радмила Шекеринска на Скопје 2014 со Коридорот 10 дадена во интервјуто за Фактор, е една од најголемите политички будалаштини изречени во Македонија во последните 23 години.

Гелевски ја коментира изјавата на Шекеринска во врска со проектот Скопје 2014 и нејзиното, како и присуството на високи функционери на СДСМ, на забавата на приватна компанија организирана во Македонскиот народен театар.

-Шекеринска е перфидна; никој не ја обвини затоа што влегла во „барокниот“ театар, туку зашто организираше сопствена семејно-деловна-партиска журка во еден од клучните објекти на монструозниот груевистички проект СК014. А дури и тоа, добив впечаток, повеќето критичари беа спремни да ѝ го простат („ја натерал мажот“ итн.). Пред Шекеринска уште еднаш раскошно да ги покаже ароганцијата и незнаењето.За жал, вториот човек на СДСМ пропушти идеална можност да реагира поинтелигентно, посуптилно, пообединувачки, несуетно. Бедниот одговор на критиките не зборува само за нејзината загрижувачка лимитираност во разбирањето на културните прашања (какво што е СК014), туку и за потполно отсуство на поделикатни консултанти и советници во сегашниот СДСМ. Најстрашно е доколку Заев и Шекеринска во раководството на СДСМ си создале сопствени (баеги ограничени) клонови и ако, згора, за секој случај, го вовеле принципот дека најтесното раководство е безгрешно. Како никој во СДСМ да не ги прочитал лавините критики после журката на Дајнерс и СДСМ. Како никој во СДСМ да не ги прочитал ниту анкетите што мислат граѓаните за СК014, пишува Гелевски.

Тој смета дека потпретседателката на СДСМ, или не го разбрала сето она што се пишувало за Скопје 2014 или, како што вели го помножила истото со нула.

-Со помош на културните вредности што ги олицетворуваат (претерано е да се каже „застапуваат“) Шекеринска и Заев ги избришаа границите меѓу ДПМНЕ и СДСМ Сакам да истакнам: Радмила Шекеринска во случајов не ја третирам толку како врвен опозиционен политичар и следен дрматор во „темниот вилает“ – туку како симптом на општествена заболеност. Заради тоа и ги пишувам текстовиве. Со помош на културните вредности што ги олицетворуваат (претерано е да се каже „застапуваат“) Шекеринска и Заев ги избришаа границите меѓу ДПМНЕ и СДСМ – барем во сферата на културните вредности. И тоа е најпоразителното во овие неодговорни политички лупинзи што ги прави вториот човек на клучната опозициска сила. Не само што на критиките одговори со неприфатливо задоцнување (што одново ја оцртува нејзината арогантност), туку Шекеринска со црвено ги потцрта сопственото просташтво и игноранција, пишува Гелевски.