Гелова Стојанова: Расипничката влада на Заев за два дена ја задолжи Македонија за нови 40 милиони евра

Расипничката владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев, само два дена по избори ја задолжи Република Македонија за нови 40 милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата неодговорно и безмилосно ја задолжува државата и идните генерации, без да каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаме ние и нашите деца. За само 4 ипол месеци криминалната влада на Заев ја задолжи државата за над 360 милиони евра. Но, на алчноста и нема крај. На СДС и Заев не им се доволно 360 милиони евра, па од државните девизни резерви без постоење на реален основ испумпаа 180 милиони евра, тоа се над 540 милиони евра кои СДС ги потроши без да направи некоја капитална инвестиција и без да им каже на граѓаните каде ги потроши парите за кои сите ние плаќаме камати. Расипништвото на СДС нема граници. Заев и СДС за 4 ипол месеци ја втурнаа државата во долг од над половина милијарда евра. Доколку владата на СДС продолжи со ова темпо на неосновано задолжување за една година ќе ја задолжи државата за повеќе од една ипол милијарда евра“, истакна Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС е владата која најмногу ја има задолжено Република Македонија.

„Владата треба веднаш да запре со неоснованото задолжување и да им одговори на граѓаните на што и како потроши над половина милијарда евра. Граѓаните и идните генерации не се ни најмалку должни да го плаќаат луксузниот живот на партиските послушници на СДС и Зоран Заев. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина. Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипничкиот однос на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев и да ја вратат Република Македонија, од провалијата кон која упорно не носи СДС“, порача Гелова Стојанова.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.