вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 21

Генерал Величковски во посета на Националната гарда на Вермонт

Во рамките на агендата на првиот работен ден генералот Величковски остварил средба со својот домаќин, командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Стивен Креј, на која се разговарало за актуелните активности во воената соработка, особено во делот на обуката и вежбовните активности

160418-Z-QI027-0016

160418-Z-QI027-0016

Поврзани вести

Заедничкото задоволство од реализација на досегашната соработка, и потребата за постојаното проширување на облиците на обука со изведување заеднички вежбовни активности кои би се одвивале на армискиот полигон Криволак со учество на армиите на земјите на САД – Јадранската повелба, е искажано на средбата на Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј.

Како што информираат од министерството за одбрана на Република Македонија, во вторникот делегацијата на АРМ предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги започнала планираните активности во рамки на работната посета на американската сојузна држава Вермонт.

Во рамките на агендата на првиот работен ден генералот Величковски остварил средба со својот домаќин, командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Стивен Креј, на која се разговарало за актуелните активности во воената соработка, особено во делот на обуката и вежбовните активности.

На состанокот на кој беа презентирани заедничките активности и капацитети, генералите го искажале своето задоволство од оствареното во досегашната повеќегодишната сорабтка.

Генералот Величковски притоа се заблагодарил за можноста да се користат капацитетите на Националната гарда на Вермонт за обука и едукација за припадниците на македонската армија, особено преку расположливоста на центарот за симулации, но и планирање за остварување заедничко изведување обука на инженериските единици.

Во текот на денот делегацијата на АРМ го посетила и центарот за обука „Итан Аллен“ и воениот камп „Џонсон“, како и центарот на симулации, при што биле запознаени со можностите и начинот на изведување обука во овие капацитети и користење на оперативните процедури за гаѓање кои ги користи Националната гарда на Вермонт.

Посетата на Вермонт продолжува во текот на денешниот ден каде во Монтпелиер НГШ на АРМ ќе оствари средба на највисоко ниво со гувернерот на Сојузната држава Вермонт господин Фил Скот, а ќе оствари посети на воениот универзитет „Норвич“, Центарот за обука „Итан Аллен“ и агенцијата за Кризен менаџмент и државна безбедност на Вермонт.

Најчитани вести