Генералната канцеларија за сметководство на САД ќе ги чешла финансиите на Амбасадата во Скопје

сад

Конгресменот Франкс од владејачката Републиканска партија најави уште една истрага за Бејли.

-Веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од канцеларијата на сметководството и да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме, вели Франкс.

Генералната канцеларија за сметководство на САД:

Генералната канцеларија за сметководство на САД, која во последните години го доби називот Владина канцеларија за отчетност, е владина агенција задолжена за ревизија, евалуација и спроведува истраги за американскиот Конгрес.

gao1Генералната канцеларија за сметководство е врховна ревизорска институција за сојузната власт на САД.

Шефот на Генералната канцеларија за сметководство е задолжен да ги истражи сите прашања поврзани со приемот, исплатата како и примената на јавните средства, направени во седиштето на владата или на друго место и за истите да направи извештаи кои ќе ги достави до претседателот на САД и до Конгресот. Извештаите можат да бидат и во форма на препораки за поголема економичност и ефикасност при јавните трошоци.

Според официјалната тековна мисија на Генералната канцеларија за сметководство, агенцијата е во функција на поддршка на Конгресот преку остварување на своите уставни обврски за помош при подобрување на ефикасноста и да обезбеди одговорност на работењето на сојузната влада во полза на американските граѓани.

Ревизорите на Генералната канцеларија за сметководство, покрај тоа што се задолжени за истраги за финансиски ревизии, спроведуваат и ревизии за успешност/ефикасност.

„Куче-чувар на Конгресот“ или „Најдобриот пријател на даночните обврзници“

Генералната канцеларија за сметководство ги доби епитетите „Куче-чувар на Конгресот“ или „Најдобриот пријател на даночните обврзници“ поради честите ревизии и истражувачки извештаи за откриени измами и неефикасно владеење.

Канцеларијата има повеќе од 1800 аналитичари, а преку својата работа воспостави стандард за ревизија на владините организации, програми, активности и помошта која владата ја дава на НВО.

Моментален директор на Генералната канцеларија за сметководство на САД е Јуџин Луис Додаро, предложен и поставен од администрацијата на Џорџ Буш.