Генералниот секретар на ЛАД изрази незадоволство од првиот круг преговори на „Женева-2“

Генералниот секретар на Лигата на арапските држави, Набил ал Араби изразил незадоволство од првиот круг преговори на мировната конференција „Женева-2“, пренесува „Интерфакс“.

„Не беше постигнат никаков договор, што ќе ја промени ситуацијата во Сирија. Двете страни во конфликтот им оддадоа приоритет на сосема различни прашања. Дамаск првенствено ја истакнува борбата против терористите, а опозицијата инсистираше на формирање на преодна влада“, изјавил Набил ал Араби.

Тој изразил надеж дека на следната рунда преговори ќе биде постигнат договор за барем делумно прекинување на огнот и за испорака на хуманитарна помош.