Генералниот секретар на СДСМ за исхрана во ресторан на државна сметка потрошил 89 илјади денари

Додека Александар Кирацовски бил заменик министер за администрација и информатичко општество речиси секој работен ден јадел на државна сметка, за што потрошил 89 илјади денари, односно 11 минимални плати

Дополнителниот замнеик министер од СДСМ, Александар Кирацовски, на државна сметка најчесто јадел во кафеаната „Букет“ која се наоѓа веднаш до министерството.

Тој од февруари до декември 2016 година за угостителски услуги потрошил речиси 90 илјади денари, од кои највисоката фактура на месечно ниво изнесува 27.400 денари.

Според фискалните сметки, произлегува дека, на пример, во март Кирацовски речиси секој ден јадел на државна сметка во ресторанот „Букет“, најчесто нарачувајќи чорби, сок, салати и кафе.

Според дел од сметките, во неколку наврати биле нарачувани и алкохолни пијалоци.