Свет

Генералниот секретар на Советот на Европа е шокиран од атентатите во Волгоград

Генералниот секретар на Советот на Европа е шокиран од атентатите во Волгоград

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд изрази сочувство на роднините и блиските на загинатите во нападите во Волгоград, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Бев шокиран кога слушнав за првиот терористички напад во Русија, членка на Советот на Европа, а вториот ужасен атентатот стана всушност загрижувачки сигнал. Во овие денови на болка, гнев и тага мисловно сум со жителите на Волгоград“, вели тој во изјавата.