Спорт

Генерално собрание на ФФМ на 22 март

Генерално собрание на ФФМ на 22 март

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука редовното Генерално собрание да се одржи на 22 март во Скопје.

Управниот одбор на ФФМ ја прифати оставката на Комесарот за делегирање на контролори, Ванчо Коцев и му изрази благодарност за досегашната соработка.

Досегашниот Комесар од функцијата се повлече поради лични причини и презафатеност.

Освен овие одлуки УО донесе решение Детските лиги да се вклучат во официјалниот организиран систем на натпреварување на ФФМ од сезоната 2014/15.

Пред седницата на Управниот одбор денеска во „Куќата на фудбалот“ беше извршена жрепка за полуфиналните куп натревари во помладите категории во организација на ФФМ.

Во најмалата старосна категорија (помлади пионери) во полуфиналето ќе играат: Искра Јуниор – Шкупи и Академија Пандев – Милано.

Во пионерското полуфинале се среќаваат: Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев и Шкупи – Миравци.

Ждребката во кадетска конкуренција ги даде полуфиналните двојки: Работнички – Тетекс и Вардар – Македонија Ѓорче Петров.

Познати се двојките и за младинското полуфинале: Вардар – Академија Пандев и Металург – Шкупи.

Првите натревари се играат на 19 и 20 март, додека додека реванш средбите се играат на 2 и 3 април.