Магазин

Генетски модифицирана Златна бубамара – 17

Генетски модифицирана Златна бубамара  –  17

Најпопуларната и најочекувана  манифестација од  нашата  поранешна  и сегашна земја , Златна Бубамара на популарноста го  најавува  17-то издание  со  еколошки  монетарен  слоган:  Од пари се живее  –  не од воздух!

Организаторите најавуваат дека следната Златна Бубамара ќе се одржи традиционално во третата недела од февруари.

„Организаторот ги обврзува сите посетители и учесници да бидат во текот со времето (современи), да користат голема авто цензура и на настанот да дојдат без своите автомобили …. Чистиот воздух и мирната душа се потреба во секое  хумано опшество,  и додека  го чекаме тој  убав ден , бараме да  ќутите , слушате радио  и дишете по дома. Од штабот на популарното Радио Бубамара  најавуваат  дека овој голем медиумски празничен ден, повторно  ќе биде во знакот  на  непредлива  сатира, пристоен  хумор,  добра музика  и  аплаузи  за сите добитници меѓу кој и  најголемите  македонски и балкански звезди“, се вели во соопштението од организаторот.

Ранко Петровиќ, автор и режисер на Златна Бубамара на популарност вели дека и секогаш и претстојната Златна Бубамара ќе ја раскаже изминатата година во свој препознатлив стил.

„Ја дијагностицира  и лекува  нашата реалности и опшествена стварност. Во измнинатите години   создававме тематски различни идеолошки бубамари:  затворска, транзициска, европејска, романтична, барокна,  малерозна, социјалистичка. За оваа година нашата програма  повторно ќе биде – вкусно природно овошје создадено од  овоштарникот на нашите најпопуларни личности и уметници  кој создаваат богатство на  нашата душа“, вели Петровиќ.

Билетите ќе се продаваат од 12-ти јануари преку  МКТИКЕТС.