петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

„ Гентерм “ почнува со изградба на фабриката во Прилеп

genterm

Последни вести

Компанијата „ Гентерм “ од САД денеска ќе започне со изградба на фабриката во Технолошко-развојната зона во Прилеп.

Во фабриката ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како бентли, рено, бмв, порше, фиат…

На означувањето на почетокот на изградбата ќе присуствува премиерот Никола Груевски.

Во производствениот капацитет на 21.500 метри квадратни се најавени 2.000 вработувања. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра.

Гентерм “ е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање термална енергија во автомобили. Брои вкупно 9.000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари.

Најчитани вести