Георгиевски: Членот 90 од Уставот е оставен свесно од СДСМ заради манипулации

СДСМ ја започнаа играта околу доделувањето на мандатите и немаат кому да му бидат лути, изјави политичарот Љубчо Георгиевски.

„Факт е дека членот 90 е недоречен и поставен со почеток, но без крај. Сепак, СДСМ нема кому да му се лути, со оглед на тоа што членот е оставен ваков од СДСМ свесно, за да може Киро Глигоров да манипулра како и во 1990-та година. Оваа недореченост е нивно дело, за жал тие и со праксата и со конкретното дело немаат на кого да се лутат, зашто практично го жнеат она што го сееле“, истакна Георгиевски.

Поранешниот премиер гостуваше во „Аргументи“ на ТВ НОВА, на тема „Мандаторна пракса во плурална Македонија“.