Георгиевски и Тулуз обезбедија опстанок

Ракометниот клуб Тулуз и математички го обезбеди опстанокот во француската лига откако вчера успеа да слави над директниот конкурент Селестат со 31:29, натпревар кој беше одбележан од изедначената игра и подобрата завршница во клучните моменти.

Тимот на нашиот Гоце Георгиевски замина на полувреме со предност од 16:13, а максималната разлика од четири гола ја достигна во 57-та минута кога на семафорот стоеше 29:25, предност која се покажа како пресудна за решавање на победникот на овој натпревар.

Македонското десно крило постигна два гола во натпреварот кој беше од големо значење за Тулуз, но вреди да се напомене дека ова беше трет негов натпревар на кој успеа да заврши еден меч со стопроцентен учинок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.