Георгиевски: Изборот на Џафери нема да мине зашто е извршен незаконски, по качачка процедура

На сите им ја честитам третата албанска држава во регионот, вели поранешниот претседател на Собранието, Љубиша Георгиевски, запрашан за коментар за изборот на Талат Џафери од ДУИ во четвртокот за прв човек на законодавниот дом, пишува Дневник.

Целосно е јасно дека изборот на Џафери е прекршување на сите деловници и правилници за работа на Собранието и вака не може да мине. Ова е само една голема пародија, но затоа, пак, на сите сакам да им ја ’честитам’ третата албанска држава. Ова не е ништо друго само остварување на големиоталбански сон“, вели Љубиша Георгиевски за Дневник.

На прашањето дали и зошто процедурата е нелегитимна, поранешниот претседател објаснува оти сè е незаконско од моментот кога актуелниот претседател Трајко Вељаноски ја затворил седницата. Потоа немањето записник од текот на расправата, и самиот факт што постојниот претседател не ја водел расправата за прогласувањето на Талат Џафери, гласањето и броењето на гласовите, ништо не е според правилата.

Со други зборови ова е качачка процедура. Kачаци влегоа во парламентот, си избраа нелегитимен претседател, претходно испеаја химна од туѓа држава на говорница. Или како што напиша еден наш поддржувач на Twitter, политичар од Грција: со растењето на албанската мафија од која се во опасност сите градови во Европа, расте и се множи албанската држава“, вели Георгиевски.

Сега, продолжува поранешниот прв човек на македонското Собрение и кандидат за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ – Љубиша Георгиевски, има правни механизми како да се регулира оваа ситуација

Не сум правник, но знам дека има правни механизми. Но пострашно е што Европската унија нé постави во ситуација да избираме меѓу Еди Рама и Никола Груевски. Најстрашното, пак, е што ако остане Џафери на позицијата, никој не би можел да го спречи, на пример, во даден момент, да прогласи анексирање на Македонија кон Албанија“, истканува Георгиевски.

И тој го осудува насилствотом и вели дека може да помогне на секаков можен начин, како искусен функционер во институцијата, која во моментот е злоупотребена и повредена.

Инаку, што се однесува до Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија, пеењето на албанската химна во Собрание е казниво, како дело изведување химна на странска држава спротивно на одредбите на овој закон. Па, врз основа на истиот, пратениците што ја пееле химната треба да платат казна во износ до 5 илјади евра, потсетува.