Георгиевски најави победа над Катар

Офанзивниот бек на старо-новиот шампион на Романија, тимот на Стеауа, Даниел Георгиевски пред официјалниот страт на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар изјави дека нашиот национален тим нема друга опција на располагање освен да забележи позитивен резултат на дуелот кој ќе биде одигран во италијанскиот град Риети.

“Сите сме подготвени, здрави, тренинзите ги реализираме според самислите на селекторот, се обидуваме да ги исполниме тактичките замисли и се надевам дека тоа ќе го потврдиме на натпреварот против Катар. Рејтингот говори дека ние сме фаворити и одиме да направиме добар резултат. Можеби некои од играчите се чувствуваат исцрпено по долгата сезона, но верувам дека ќе „стиснеме заби“ да запишеме победа. Добар резултат ни е неопходен за следните натпревари, да го подобриме тимскиот дух и атмосферата во тимот”, изјави Георгиевски за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.