Сорос отворено повика на обединување во борба за зачувување на неговото „Отворено општество“

Џорџ Сорос, милионерот и идејниот татко и финансиер на невладината мрежа отворено Општество, во интервју за време на форумот во Давос, повика на обединување и борба за зачувување на неговата идеја за Отворено општество. На прашање зошто вели дека на Отворено општество му треба заштита, зошто е под напад, Сорос ги обвини системите во кои победува десницата.

-Бидејќи е под закана на поинаков модел. Правам разлика меѓу две воопштени генерализации. Но во основа постојат две форми на владеење. Едно, каде лидерите се демократски избрани и каде би требало да им служат на интересите на луѓето кои ги избрале. Велам, би требало, бидејќи тука постои лицемерие. Но, тој е многу поприфатлив отколку другиот модел каде владетелите ги манипулираат луѓето да им служат на нивните цели. Во моментот за жал тој друг модел е во подем и се шири, нормално во Русија, во Кина, можеби и во други земји, како и во мојата (САД). Се надевам дека луѓето кои веруваат во Отвореното Општество ќе се обединат и ќе ги одбранат принципите на отвореното општество- вели Сорос.