Георгивески: Иванов полноправно одлучува што понатаму

Толкувања на членот 90 од Уставот што се однесува на доделување на мандатот за состав на Влада деновиве има многу. Во јавноста се појавија бројни аналитичари, екс-политичари и новинари кои го толкуваа пишаното.

Еден од најозборуваните личности е Љубчо Георгиевски кои во 1992-та година покрена уставна иницијатива, по одлуката на тогашниот претседател Киро Глигоров мандатот да го додели два пати на СДСМ.

Чие толкување му е поблиско и што мисли за последната одлука на Иванов? Одговорите во „Аргументи“ на ТВ НОВА.

„Деновиве, поприфатливо ми е толкувањето на Саво Климовски, Тања Каракамишева, Сотир Костов. Верувам дека тоа е така, буквалното читање на Уставот, ако ја додадеме и праксата, повторно е така како што е. Меѓутоа не сметам дека така треба да продолжи. Полноправно Иванов одлучува што понатаму и како ќе ја игра играта, тоа му го дозволува и Уставот и одлуката на Уставниот суд и праксата. Тој постапува според уставот и законите, меѓутоа не можеме да се ослободиме од една друга работа, односно точката од која ги поставува нештата.“, изјави Георгиевски.

Додаде дека Иванов ги поставува правилата на игра, на начин како што досега биле поставени и од страна на Глигоров, а би било посоодветно да постави сосема нов редослед.