Балкан

Германци ја посетија Грција и го исплатија својот дел од воените репарации

Германци ја посетија Грција и го исплатија својот дел од воените репарации

Германска двојка неодамна ја посети Грција и одлучи да го направи првиот чекор во исплаќањето на воените репарации за Втората светска војна. Двајцата Германци Нина Лахге и Лудвик Закаро пресметале дека нивниот дел од воените репарации и присилниот заем што нацистите го земале од Грција изнесува 875 евра.

Како што појасниле, тие нивниот дел го пресметале така што целосниот долг на Германија го поделиле на 80 милиони Германци, јавува Грик Рипортер.

-Се срамиме од ароганцијата што нашата земја и голем број наши сонародници ја покажаа за Грција. Грците не се виновни за фијаското на нивните претходни влади, изјави двојката за грчките медиуми.

фото: greekreporter.com