Германците дневно пијат 22 милиони литри пиво

Германците во 2014 година пиеле по 22 милиони литри пиво дневно во однос на 21,8 милиони литри една година претходно, наведува Заводот за статистика во Германија.

Вкупното конзумирање пиво минатата година порасна за 0,4 отсто на осум милијарди литри, додава Заводот.

Произведувачите на пиво наведуваат дека продажбата во јуни на почетокот на Мундијалот во Бразил, пораснала за 14 отсто. Германија го освои Светско првенство во фудбал, победувајќи ја Аргентина во финале со 1:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.