Германците и Русите најчести туристи во Словенија

Словенечките туристички агенции минатата година имале најмногу туристи од Германија и Русија, а потоа следуваат Италија, Израел, Австрија, Велика Британија, Белгија и Јапонија.

Од балканските земји, во Словенија најмногу туристи имало од Хрватска, додаваат од Словенечката туристичка организација.

Минатата година, агенциите организирале патувања за 146 илјади туристи од кои поголемиот дел од нив ноќевале во Словенија.

Словенците, пак, најчесто патувале во странство, а по Хрватска, најпосетуваните земји се Италија, Грција, Австрија, Турција, Германија, Франција и Србија.

Во еднодневните излети кои биле огранизирани од агенциите, учествувале вкупно 152 илјади Словенци, од кои 55 илјади во патувања низ државата, а 97 илјади на дестинации во странство.