Германците на улици го слават почетокот на сезоната на карневалите

Илјадници Германци започнаа да се собираат во саботата напладне по повод почетокот на сезоната на карневалите која официјално започна во 11,11 часот во 11-от ден од 11-от месец во годината.

Луѓе преправени во најразлични живописни ликови наздравуваа со шишиња пиво на улицата и покрај слабиот дожд во чест на почетокот на карневалската сезона.

Полицијата во градовите на западот од Германија, како Диселдорф и Келн, кои учествуваат во настани очекуваат оваа година поголем хаос отколку што е вообичаени, бидејќи датумот на сезоната се падна во сабота.

Околу илјада полицајци учествуваат во патролирањата во Келн каде што се очекуваат многу повеќе посетители отколку во Диселдорф, каде што се ангажирани само пешачки полициски патроли.

Настаните на прослава на карневалите ќе се одржуваат сѐ до февруари 2018 година до почетокот на периодот на католичкиот велигденски пост, кога христијаните се повикуваат на покајување на гревовите.

Инаку карневалот најмногу се прославува во германското подрачје по течението на Рајна.