Германците рекордери по операции за зголемување на пенисот

Се повеќе мажи одат „под нож“ за да го зголемат својот полов орган, а на ваква екстремна мерка, според податоците, најмногу се одлучуваат германците.

Податоците на Меѓународната организација за естетска хирургија покажуваат дека досега во Германија 2.786 мажи ја направиле оваа операција.

Во светот, според проценките на организацијата, направени се 15.414 хируршки зафати од овој вид, што покажува дека секоја петта операција за „додавање на сантиметри“ е направена во Германија.

Кога се зборува за зголемување на пенисот, на Германија може да и парира само Венецуела во која четири од 100 илјади мажи имаат направено операција на пенисот. Оваа бројка во Германија е 8 на 100 илјади мажи.

Трендот за зголемување на пенисот започнува да расте од 2011 година, а експертите од германскиот Центар за урологија тврдат дека можат да гол зголемат половиот орган во должина од 3 до 6 сантиметри, а во обем од 2 до 3 сантиметри.