Германците се задоволни од бизнис климата во земјава

Истражувањето на Германската стопанска комора, спроведено во 43 компании кои работат во земјава, покажува дека  германските инвеститори се задоволни од бизнис климата во земјава. 85 отсто од испитаниците се изјасниле дека повторно би инвестирале во Македонија.

Но, според анкетата, постојат работи во јавната администрација, правната сигурност и јавните набавки кои би ттребало да се подобрат

„ Германија го засилива значењето за наш најзначеане трговски партнер. Во 2008 пред кризата извозот кон германија беше 14 отсто, а денес со крај на 2013 извозот кон гермнаија е 36 отсто или во апсолутни 383 милиони евра во 2008 и лани 1.154 милиони евра“, посочи  Mаја Kадиевска Војновиќ, вицегувернер на Народна банка.