Магазин

Германците веруваат во „љубов за цел живот“

Германците веруваат во „љубов за цел живот“

Повеќе од две третини од Германцити или 67,7 отсто веруваат во „љубов за цел живот“, покажа анкетата спроведена за списанието „Апотекен Умшау“, според која, жените сепак повеќе од мажите веруваат во доживотна љубов.

Во „љубов за сите времиња“ веруват 65,7 отсто од мажите и 69,5 отсто од жените, а како причина за вербата и надежта дека постои еден маж или една жена за цел живот, најголем број од анкетираните го навеле искуството од нивното опкружување.

Дури 83 отсто од испитаниците изјавиле дека во рамките на семејството или во нивното опкружување виделе дека постојат повеќе партнерства кои траат цел живот, наведуваат германските медиуми.