Во Германија пристигнаа 15.000 бегалци (видео)

Во Германија пристигнаа 15.000 бегалци. Како што јавува МИА, повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА за време на викендот во Минхен и Франкфурт пристигнаа најмалку 15.000 бегалци од Сирија.

Ле Пен: Германија сака да вработи „робови“

Од друга страна, шефот на француската крајна десница Марин Ле Пен ја обвини Германија дека прима илјадници мигранти и бегалци бидејќи сака да ги намали платите и да вработи „робови“.

Германија веројатно мисли дека населението и изумира, а сака и да ги намали платите и да продолжи да вработува робови, благодарејќи на масовното вселување, изјави Ле Пен на состанокот со нејзините приврзаници во Марсеј, пренесува Хина.

Ле Пен: Германија сака да вработи „робови“
Ле Пен: Германија сака да вработи „робови“

Ле Пен исто така ја обвини Германија дека сака да наметне имиграциска политика во ЕУ.

Германија не само што сака да управува со нашата економија, туку сака и да не принуди да прифатиме стотина илјади баратели на азил, рече таа, дополнувајќи дека „Франција нема можност ниту сака да ја отвори вратата за светската беда“.

Викендов во Германија пристигнаа 15.000 бегалци

По слегувањето од возовите во Минхен и Франкфурт мигрантите биле одведени во бегалските центри ширум Германија.

Со цел да ги пренесат големиот број мигранти од австрискиот град Никелсдорф, на границата со Унгарија, железничките оператори во Австрија и Германија ги зголемија капацитетите на возовите. Во текот на ноќта, се очекува да пристигнат уште 2. 200 лица.

Германската Влада, по преговорите до доцна во ноќта со партнерите од владејачката коалиција, соопшти дека ќе обезбеди шест милијарди евра за прифаќање на бегалците.

Во Будимпешта 1.000 новопристигнати мигранти чекаат дозвола за да отпатуваат кон Австрија, а уште неколку стотици тргнале пеш кон границата.

Голем дел од мигрантите влегуваат во Унгарија преку Србија.