Македонија

Нема повеќе патување во Германија без виза – се враќа визниот режим за земјите од Балкан?

Нема повеќе патување во Германија без виза – се враќа визниот режим за земјите од Балкан?

Нема повеќе патување во Германија без виза. Германија ќе преземе посебни активности со цел да се намали бројот на баратели на азил од земјите од Балканот, со повторно воведување на визниот режим за жителите на овие земји.

Притисокот, уште повеќе е зголемен во последните неколку дена откако се случија напади во повеќе хостели за мигранти, како и поради огормниот број на баратели на азил годинава.

Бројот на баратели на азил од Косово, Црна Гора и Албанија зголемен за 500 проценти!?

Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.
Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.

Би- Би- Си, повикувајќи се на информациите од Германското федерално биро за миграција и бегалци,  пренесува дека откако БиХ, Македонија и Србија добија статус на „безбедни“ земји бројот на баратели на азил од овие земји бил само околу 12 отсто. Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.

Класификацијата „безбедни“ земји, овозможува полесно депортирање на барателите на азил бидејќи е мошне потешко за апликантите да докажат дека се жрви на политичка, религиозна или етничка дискриминација.

До крајот на годинава 450.000 баратели на азил

Како што наведуваат одделни медиуми, целта на ограничувањето на патувањето во Германија без виза, се должи и на фактот што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што се Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.

Годинава, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015-та година тој број ќе порасне на 450 илјади.

Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако според Германија во нивната матична земја не им се нарушени правата, туку се исклучиво од економски причини. Владата на Германија пред неколку месеци рече дека секој барател на азил од Западен Балкан треба да се автоматски да се депортира од земјата, и речиси сите барања за азил беа одбиени.

Бројот на азиланти во моментов е „до таван“

Регионалната влада на Баварија е географски најблискиот дел на Германија до Балканот од каде доаѓаат најголемиот дел баратели на азил.

шатор со баратели на азил Германија
Зихофер: Бројот на азиланти во моментот е „до таван“

Јас го поддржувам повторното воведување визи за овие балкански земји, изјави во интервју за Ди велт баварскиот премиер, Хорст Зихофер, според кого бројот на азиланти во моментот е „до таван“.

Одбивањето на азил во изминативе неколку месеци не му даде многу резултати. Потребно е да се воведат визи за граѓаните на овие земји да се регулира нивниот број во Германија, тврдат Баварците, чиј став полека го поддржуваат и останатите покраини.

Во меѓувреме додека се дискутира дали треба да се ограничи патувањето во Германија без виза, бројот на нападите врз хостелите за мигранти во Германија досега изнесува вкупно 202 и го надминува бројот на нападите регистрирани во текот на минатата година (198). За најголемиот дел од нападите се смета дека е одговорна радикалната десница, односно анти – имигрантската милитантна група.