среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

Германија: Целосно изгоре центар за бегалци

pozar

Последни вести

Голем центар за бегалци ноќеска целосно изгорел  во Гелзенкирхен по покраината Северна Рајна Вестфалија но поради брзата евакуација  нема повредени, пренесува МИА.

Според полицијата  пожарот се случил околу 21 часот и 40 минути во специјален шатор дизајниран да смести 90 бегалци. Во моментот на инцидентот во шаторот биле сместени 41 бегалец кои веднаш биле евакуирани.

Според сведоците пожарот започнал внатре во шаторот со што се отфрла можноста тој да бил подметнат од надвор, што често се случува во Германија по огромниот наплив на бегалци во текот на минатат и оваа година.

Само во 2015 година во Германија беа забележани над 1000 напади врз сместувалишта за бегалци.

Најчитани вести