Германија дојде на Светско за да победи

Патот кон четврт финалето за Германија е отворен. На натпреварот кој се одигра денеска со почеток во 18 часот, Германија ја совлада Франција со 1:0 со што се пласраше во четвртфиналето на Мундијалот во Бразил.

Фудбалерот на Германија Андре Шурле изјави дека неговата репрезентација може да ја освои шампионската титула на светот и покрај големиот притисок кој го има тимот.

„Кога ќе дојдете на Светско првенство со Германија од вас се очекува да ја освоите титулата. Ние не дојдовме само за да учествуваме. Кога имате тим со вакви играчи, секој во земјата има големи очекувања, Секогаш е така, имаме големи амбиции, а тоа се зголемува кога сме меѓу осумте најдобри селекции“, вели Шурле.