Германија донира 24 милиони евра за земјите со ебола

Светската програма за храна добила 24 милиони евра од германската Влада за помош на над еден милион луѓе во држави од западна Африка погодени од епидемијата на ебола.

Средствата ќе бидат искористени итно за купување храна и финансирање операции од воздух за доставување прехранбени продукти за пациентите, што се лекуваат од ебола во клиниките, за оние кои оздравеле и за погодените општини во Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.

Тоа е најголемата досега доставена помош за покривање на потребите за храна на луѓе во државите во кои има епидемија од ебола.